Ужас и тага: На само 32 години почина Никола од Крушево

1197

Тажната вест ја споделија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево.

Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за прераната смрт на нашиот другар, пријател и поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево, Никола Зисов.

Никола беше човек кој искрено и безрезервно и служеше на идејата, на партијата и пред сè на татковината. Со чисто срце ја сакаше Македонија и секогаш беше таму каде што беше најпотребно меѓу народот, со луѓето, за луѓето. Неговата посветеност, чесност и човечност ќе останат трајно врежани во нашите спомени.

Беше повеќе од соработник, беше вистински пријател, другар и човек на кој секогаш можеше да се потпреш. Неговата насмевка, енергија и искреност ќе ни недостасуваат на сите.

На само 32 години, животот прерано го одзеде од нас, оставајќи огромна празнина која тешко ќе се пополни.

Никола, ќе ни недостигаш неизмерно. Твојот лик и дело ќе живеат вечно во нашите срца.

Сочувство до семејството, роднините и сите кои го познаваа.

Почивај во мир

OK ВМРО-ДПМНЕ

КРУШЕВО

Претходна вестТажна вест: Почина Љупчо Јаневски
Следна вестУбава вест за овие пензионери – ќе добијат 2.000 денари еднократна помош