Повредени десетина лица – Страотна сообраќајна несреќа во Македонија

4458

Ужасна сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила се случила доцна синоќа во скопската населба Ѓорче Петров, при што има повеќе повредени лица и значителна материјална штета.

Според информациите, во судирот учествувале неколку автомобили, а сцените објавени на социјалните мрежи сведочат за силен удар и сериозно оштетени возила.

Најтешко повреден е 19-годишниот возач Л.Ј. од село Кондово, кој управувал едно од возилата марка „БМВ“. Тој се здобил со сериозни телесни повреди. Повредени се и двајца негови сопатници.

Дополнително, телесни повреди добиле уште шест лица кои се наоѓале во другото возило „БМВ“, како и возачот на „Мерцедес“, Б.Р. (28) од село Глумово.

Сите повредени биле итно пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“, каде им била укажана лекарска помош.

За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. Причините за сообраќајката засега не се официјално утврдени и се предмет на истрага.

Претходна вестОГРОМНА ТАГА: Пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ почина од срцев удар
Следна вестСин на поранешна градоначалничка во Македонија заврши во притвор