Вонредно предупредување вечерва: Можни закани кон објекти поврзани со САД во соседна Албанија

1006

Американската амбасада во Тирана издаде безбедносно предупредување до своите државјани во Албанија, укажувајќи на можни закани од групи поврзани со Иран.

Во известувањето се наведува дека овие групи може да се обидат да таргетираат објекти и лица поврзани со САД или со иранската опозиција во Албанија. Дополнително, како потенцијални цели се посочуваат и јавни места како туристички локации, трговски центри, хотели, клубови и ресторани.

Амбасадата апелира до американските граѓани да бидат особено внимателни и да ја зголемат својата будност во наредниот период.

„Ги охрабруваме американските граѓани да бидат внимателни, да ги следат локалните медиуми за нови информации и да внимаваат на својата околина“, се наведува во предупредувањето.

Воедно, им се препорачува на граѓаните да ги преиспитаат своите лични безбедносни планови и да се погрижат мобилните телефони да им бидат наполнети во случај на итна ситуација.

Предупредувањето е објавено на 1 април 2026 година и се однесува на територијата на главниот град Тирана.

Претходна вестМорбидни детали за убиството кое ја потресе Македонија: Го измил телото и го подготвувал за погреб
Следна вестНови детали од судењето кое ја потресе Македонија