Голема акција на полицијата во Македонија – зад решетки завршија 16 лица

3018

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило.

Од нив 12 возеле без возачка дозвола, од кои четири во Тетово, меѓу кои и еден малолетник и двајца во Гостивар.

Исто така, по едно лице во Скопје, Велес, Штип, Свети Николе, Делчево и Битола возеле без дозвола.

По еден возач во Кочани и Струга управувале возило под дејство на алкохол, а по еден возач во Куманово и Охрид управувале возило со активна забрана за управување патничко возило.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Претходна вестАвтомобил излета од пат и падна во река, веста ја вознемири Македонија
Следна вестСериозни закани кон градоначалник во Македонија – полицијата итно се огласи