Автомобил излета од пат и падна во река, веста ја вознемири Македонија

4177

Денеска на патот кон Дебар се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило излетало од коловозот и завршило во река.

Според првичните информации, несреќата се случила во близина на мост, каде возилото изгубило контрола и паднало во водата.

Фотографии и видеа што се шират на социјалните мрежи прикажуваат автомобил делумно потонат во реката, со видливи оштетувања.

Засега нема официјални информации дали има повредени лица, ниту колку лица се наоѓале во возилото во моментот на несреќата.

Надлежните служби се очекува да излезат со повеќе детали во текот на денот, по извршување на увидот на местото на настанот.

Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.

Претходна вестСИЛНО НЕВРЕМЕ денеска ќе ја зафати Македонија
Следна вестГолема акција на полицијата во Македонија – зад решетки завршија 16 лица