Тажна вест: Почина познатиот македонски музичар

2117

Синоќа на 63 годишна возраст почина Зоран Маневски професор по виолина во Државното музичко училиште во Битола. Маневски е потекло од Велес, но целиот свој работен век го помина во Битола.

Како професор по виолина беше исклучително посветен на работата и како резултат на тоа зад себе остави плеада ученици – виолинисти, добар дел од нив познати музичари во државата но и надвор од неа. Неговите ученици беа високо наградувани на државни и меѓународни натпревари по виолина.

Маневски, средно музичко училиште и музичка академија отсек виолина заврши во Скопје, додека Битола беше еден од омилените професори на учениците во Државното музичко училиште. Особено е важно тоа што тој е еден од основачите на Камерниот оркестар во Битола.

Неговата дарба за музика го смести на листата на најдобрите естрадни уметници во Македонија. Кариерата како музичар ја започна во родниот Велес каде што настапуваше во групата „Негрос“. Во Битола беше член на „Мегдан“, а како солист настапуваше и со „Битолски Конзули„ и многу пати учествуваше на фестивалите во Македонија – „Валандово“, „Цветници“, Тетовски Филиграни“, „Интерфест Битола“ , „Серенада“ и др.

Посмртните останки на професорот Маневски ќе бидат изложени во црквата „Свети Димитриј“ Битола.

Претходна вестОвие граѓани во ШОК – УЈП бара да си го платат данокот
Следна вестГраѓаните во шок – се зголемува цената на лебот