Лошата вест брзо се прошири: Прегазена 16-годишна девојка
И покрај „Сејф сити“ и покрај многу полиција на улиците, повторно немил настан кој ја вознемири целата држава.
На 26.03.2026 околу 09:45 часот во Долно Којнаре, кумановско, автобус „Ман“ со кумановски регистарски ознаки, додека се движел наназад, удрил во 16-годишна ученичка пред средното училиште.
Девојчето со тешки телесни повреди е пренесено во Општа болница Куманово, а увид извршила екипа од СВР Куманово.
Возачот на автобусот е Б.Т.(61) од с. Алгуња, општина Старо Нагоричане, а во автобусот се превезувале ученици. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



