Нови лица во СДСМ: Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на партијата

1822

СДСМ се ребрендира со нови лица, како што најави и претседателот Венко Филипче.

Ова освежување доаѓа како добар новитет за партијата, кој одлично го прифаќаат и сопартијците, кои гледаат сериозни промени.

Зоран Трифуновски е избран за нов организациски секретар на СДСМ, откако од функцијата се повлече Мартин Костовски.

Промената следува по локалните избори, на кои Костовски беше кандидат за градоначалник на Куманово, но не успеа да се пласира во вториот круг. По изборниот резултат, тој се повлече од поактивно учество во партиските активности.

Со назначувањето на Трифуновски, СДСМ прави кадровска промена во организацискиот сегмент, во период кога партијата се соочува со внатрешни предизвици и потреба од реорганизација.

Претходна вестПо 25 години, згасна познатиот медиум во Македонија
Следна вестСамо што се случи: Уште еден нов – силен земјотрест во Македонија