Дизелот ќе надмине 100 денари – познати кои ќе бидат новите цени, се огласија и од Владата

3892

Владата на Македонија размислува за прогласување кризна состојба поради наглото поскапување на горивата, откако анализите покажале значителен притисок врз цените на бензините и дизелот.

Според информациите, по најновите движења на светските нафтени пазари, се очекува дизелот да поскапи за околу 10 денари по литар, додека цената на безоловниот бензин би можела да порасне за дополнителни 6 денари.

Како одговор на ситуацијата, Владата подготвува пакет мерки кои вклучуваат намалување на даноците за горивата, како и чекори за спречување на евентуално зголемување на цената на електричната енергија.

На вонредна седница се очекува да бидат донесени конкретни одлуки, по што премиерот Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција и ќе ја информира јавноста за следните чекори.

Претходна вестПосле две години тешки несреќи и финансиска криза, конечно доаѓаат многу пари и среќа за овие луѓе
Следна вестШто се случува со Скопје: Две лица починати – однесени на обдукција