Тажна вест, почина Љупчо Бучукоски

2715

Тажна вест соопштија од Центарот за управување со кризи, откако во тешка сообраќајна несреќа животот го загубил нивниот колега Љупчо Бучукоски.

Тој починал на 52-годишна возраст и работел како оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола.

Од институцијата се простија од својот колега со емотивна порака, нагласувајќи дека ќе го паметат по неговата професионалност, посветеност и човечност.

„Драг Љупчо, Центарот за управување со кризи ќе те памети по твојата беспрекорна професионалност, посветеност во извршувањето на службените обврски, коректниот однос кон колегите и несебичната поддршка и помош кон граѓаните и градовите Битола и Демир Хисар секогаш кога тоа беше потребно.

Денес, кога се простуваме од тебе, со тага, но и со гордост за твоите дела, ти благодариме за сè што направи во твојот прерано прекинат животен пат. Ќе останеш запаметен по добрината, човечноста и професионалноста“, се наведува во објавата.

Претходна вестНово видео од екс политичарката Мирјана – овие снимки се направени во владата и институциите?
Следна вестНова шокантна вест: По неколку ОПАСНИ изјави – наглао скокна цената на нафтата