Тажна вест ја потресе Македонија: Едно лице загина, едно тешко повредено во сообраќајка

3063
Фото: Илустрација
Фото: Илустрација

На 17.02.2026 година во 15:57 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека на стариот пат за с. Кучевичка Бара,

скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “форд фиеста” со скопски регистарски ознаки и патничко возило “фолцваген голф” со скопски регистарски ознаки.

Како последица на незгодата возачот на возилото “форд фиеста” починал на местото на незгодата, додека возачот на возилото “голф” со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ Мајка Тереза – Ургентен центар.

Во моментов сообраќајот по стариот пат за с. Кучевичка бара се пренасочува. Се преземаат мерки за утврдување на причината за незгодата и за расчистување на случајот.

Претходна вестВажна вест: Од 17 часот трупа многу снег на овие патни правци – поставени се забрани за движење
Следна вестСилен земјотрес го стресе регионот