Вест е прогласена за крјно сериозна. Потребно е сите кои планираат да одат по овие делници, да бидат крајно претпазливи и внимателни.
Поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец меѓу Гостивар и Кичево преку планинскиот превој Стража, во двата правци.
Како што информира ЈП „Македонијапат“, мерката стапи на сила од 17 часот и ќе важи сè додека не се подобрат временските услови и не се создадат услови за безбедно одвивање на сообраќајот.
Возачите се повикуваат да ја следат актуелната состојба на патиштата и да ја прилагодат брзината на движење согласно временските услови.



