Ритко Мемедов, познат како Ритко MDFK, во последно време се истакна како една од највлијателните фигури на македонската дигитална сцена. Со своите видеа, подкасти и настапи во живо, редовно привлекува огромно внимание и бројки кои, според многумина, ги рушат рекордите во Македонија.
Ритко стана препознатлив по директноста, неконвенционалниот пристап и содржини кои често ја поместуваат границата на вообичаеното, што му донесе и голема публика, но и контроверзии.
Еден од најпознатите периоди во неговата кариера беше соработката со Бојан Јовановски – Боки 13, која создаваше содржини што масовно се споделуваа на социјалните мрежи. По одреден период, соработката заврши без официјално образложение.
По прекинот, Ритко повторно ја привлече јавноста со контроверзен потег во живо: покани гостинка од Бугарија која, во еден момент, почна да танцува по сцената, предизвикувајќи хаос во студиото.
Погледнете:




