Интернет-драма: Дора јавно го прозва Ритко по навредливите коментари

1722

Јавна расправија меѓу познати инфлуенсери повторно го привлече вниманието на јавноста, откако Ритко ѝ упати несоодветен и провокативен коментар на инфлуенсерката Дора на социјалните мрежи, алудирајќи на нејзини приватни објави и предизвикувајќи бројни реакции.

Ситуацијата дополнително се вжешти откако Ритко направи потег кој многумина го оценија како неумесен, а кој за кратко време стана вирален на интернет. Деталите од неговото обраќање може да се погледнат во видеото подолу.

Набргу потоа, Дора реши јавно да одговори преку видео објавено на социјалните мрежи, во кое истакна дека повеќе нема намера да молчи на навредите и негативните коментари упатени кон неа.

Во своето обраќање, со доза на иронија и револт, таа јавно го доведува во прашање мотивот зад неговите постапки и фактот што постојано ја споменува во негативен контекст.

„Изгледа треба да се здружам со Кејт Бела да си станеме другарки, па вака јавно да си разговараме“, вели Дора на почетокот од видеото, по што поставува низа директни прашања: кој е всушност Ритко, зошто токму неа ја коментира негативно и зошто постојано напаѓа сè и секого.

Таа оди чекор понатаму и ја оспорува неговата релевантност и популарност, споредувајќи го со јавни личности кои, според неа, го градат вниманието преку провокации и контроверзии, наместо преку квалитетна содржина.

„Кој му даде простор и моќ на тоа човече? Дали ова е некаква маркетинг стратегија?“, прашува Дора, јасно ставајќи до знаење дека нема намера да биде тивка мета на напади.

Видеото за кратко време се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина од реакции. Дел од јавноста застана во одбрана на Дора, осудувајќи ги навредливите коментари, додека други сметаат дека станува збор за уште еден пример на интернет-драма меѓу инфлуенсери.

Дали овој конфликт ќе прерасне во подолга јавна расправија или ќе остане само краткотраен онлајн инцидент, останува да се види.

Видеата погледнете ги со клик ТУКА.

Претходна вестЛошата вест брзо се прошири: Грабната 23 годишна девојка од Скопје
Следна вестРетко кој знае дека вистинското презиме на Тоше не му беше Проески- имал намера да си го врати старото презиме