Почина наставничка од училиштето Никола Карев

Со длабока тага ја примивме веста за заминувањето на нашата почитувана колешка Лидија Петрова Иванова, долгогодишен наставник по информатика во ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица.

Лидија ќе ја паметиме како посветен педагог, искрен колега и човек кој со своето знаење, труд и човечност остави длабока трага меѓу учениците и колективот.

Нејзиниот придонес во образованието и училиштето ќе остане трајно врежан во нашето заедничко сеќавање.

Изразуваме искрено сочувство до нејзиното семејство, најблиските и сите кои ја познаваа и ја почитуваа. Нека почива во мир, објавија од ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица.

Претходна вестПланот на Господ бил уште едно бебенце да го испратиме во рајот, Шијакоска сподели тажна вест
Следна вест(ВИДЕО) ВО ЖИВО: Гори Тирана – пожарна на терен, молотови коктели на сите страни, огномет, врие од полиција