Снегот не е пречка: Огромен број народ излегува на улиците – Стоп за Усје

2217

Иако денес во Скопје има снег, тоа не е причина за откажување, напротив огромен број граѓани најавуваат присуство на протестот од 18 часот пред Усје, за кого тврдат дека е најголем загадувач на Скопје.

„Стоп за Усје” вечерва со протест и блокада на крстосницата кај Цементарницата Усје, од каде бараат независен мониторинг и институционална реакција против загадувањето.

Од иницијативата велат дека граѓаните не веруваат во мерењата на фабриката и пасивноста на државата, и бараат 24-часовен мониторинг и автоматски стоп кога ќе се надминат граничните вредности.

Од цементарница Усје, пак тврдат дека работат според законските прописи, со А-интегрирана еколошка дозвола и современи филтри, и дека индустријата има помало влијание на воздухот од сообраќајот и домаќинствата.

Денешниот протест е продолжение на последниот кој беше минатата година во декември . Активистите велат дека, и покрај претходните јавни апели, не е направен напредок во справувањето со проблемот со аерозагадувањето, поради што се одлучиле на порадикални форми на јавно дејствување.

Претходна вестМерка за поздравување: Општината доделува 20.000 денари доколку склучите нов брак
Следна вестУжас ја потресе Македонија: Во страотна сообраќајна несреќа загина една жена, тројца повредени меѓу кои и дете