Многумина наседнаа на лагата: Мирослав Илиќ не е мртов

4859

На социјалните мрежи и на повеќе македонски портали се прошири веста, во која наводно починал Мирослав Илиќ.

Но, тоа е голема лага односно медиумите наседнаа на „лошо препишување“.

Еден македонски медиум објави вест во која објаснува како Мирослав Илиќ си купил гробно место за себе и сопругата, но веројатно останатите не читале до крај, па побрзале да информираат дека популарниот пејач е мртов.

Веќе огромен број фанови пишуваат сочувство до фамилијата на Илиќ и да почива во мир, иако тој е здрав и жив.

Ние му посакуваме долго здравје на Илиќ, а на нашите колеги поголема внимателност во објавувањето, особено на содржини со смрт на познати личности.

Претходна вестНетпрес ги објави со име и презиме сите уапсени од акцијата на МВР
Следна вест(Видео) Вакво нешто Македонија не памети: Погледнете го новиот експресeн пат Градско – Дреново