Ќе се вработат 40 луѓе во Државен пазарен инспекторат

6578

Државниот пазарен инспекторат ќе биде зајакнат со 40 нови инспектори, кои најпрво ќе поминат задолжителна обука, а потоа, кон средината на годината, ќе започнат со активна работа на терен.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека постои реална потреба од зголемување на бројот на инспектори кои ќе вршат контрола врз трговските друштва, со цел поефикасно спроведување на законите и откривање на неправилностите.

Според неговите податоци, во Трудовиот инспекторат во моментов работат околу 80 инспектори, додека во Пазарниот инспекторат има 120.

Дурмиши нагласи дека уште при законските измени со кои двата инспектората го изгубиле статусот на самостоен правен субјект и биле ставени под надлежност на Министерството за економија, до Владата било доставено барање за зголемување на кадровските капацитети, особено во Пазарниот инспекторат.

„Овој инспекторат го покрива целиот внатрешен пазар и мора да располага со доволен број инспектори за да може да функционира ефикасно, со отчетност и засилена контрола врз сите што не ги почитуваат законите“, изјави министерот.

Изјавата беше дадена на презентацијата на Националната стратегија за мали и средни претпријатија за периодот 2025–2030 година.

Претходна вестДенес е Василица – Никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги
Следна вестГрипот ја зеде првата жртва, жена почина на Инфективната клиника