Јавен оглас за вработување на педесет и шест (56) извршители на определено работно време поради привремено зголемен обем на работа во фискалната 2026 година.
1. Управата за јавни приходи објавува оглас за вработување на педесет и шест (56) извршители на определено работно време поради привремено зголемен обем на работа во фискалната 2026 година на следните работни места.
2. Општи услови за сите работни места
Да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, пренесува Biznispro.com.
3. Распоред на работно време
Работни часови во неделата: 40 часа, Работно време: од понеделник до петок од 07,30/8,30 до 15,30/16,30
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2026 година.
4. Кандидатите потребно е да ги достават следните документи
Доказ за државјанство;
Доказ дека има општа здравствена способност за работното место;
Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност;
Доказ уверение/диплома за завршен степен на образование; (со изразен степен на квалификации и просек на добиени оценки за сите години/сите свидетелства со изразен просек на добиени оценки за сите години);
Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (само за работните места каде што се бара работно искуство).
Кандидатите се должни да поднесат Пријава (образец УЈП-ЧР-3.2-03/1) со назнака за кое работно место се пријавува кандидатот, кратка биографија и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 25.12.2025 (четврток).
Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Пријавата (образец УЈП-ЧР-3.2-03/1) со потребната документација треба да се достави до архивата на Управа за јавни приходи или по пошта на следната адреса:
Управа за јавни приходи – Генерална дирекција
ул. „Кузман Јосифовски Питу” бр. 1, 1000 Скопје
со назнака „ЗА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ БР. 2/2025”



