Путин го назначи Зиков за амбасадор на Русија во Македонија

849

Руската Федерација има нов прв човек во дипломатското претставништво во Скопје. Претседателот Владимир Путин потпиша указ со кој за нов амбасадор во Република Северна Македонија го именува Дмитриј Зиков.

Информацијата е официјализирана преку документ објавен на рускиот официјален интернет портал за правни акти.

Што пишува во указот? Во документот, со кој се официјализира смената на досегашниот дипломатски врв во амбасадата во Скопје, стои кусо и јасно:

„Зиков Дмитриј Константиновиќ се именува за извонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“.

Зиков доаѓа на оваа позиција во период на затегнати дипломатски односи меѓу двете земји, со оглед на тоа што Северна Македонија е на списокот на „непријателски држави“ на Русија.

Претходна вестСе случи она од што најмногу се стравуваше: Трагично заврши потрагата по исчезнатиот маж од Скопје
Следна вестСумата за исплата на посмртнина се зголемува за 5.000 денари – еве колку ќе изнесува