Ракометната јавност во Македонија денеска (недела) тажи по смртта на долгогодишниот тренер Новко Георгиевски, кој по долга борба со тешка болест го загуби животот.
Георгиевски имаше значајна улога во македонскиот ракомет, предводејќи ја женската младинска репрезентација на Светското првенство во 2008 година што се одржа во Македонија.
Тој беше тренер на повеќе женски клубови, меѓу кои Стружанка, Кабран Амбалажа и Кале Кичево, а водеше и машкиот тим на Куманово.
„Со тага ја примивме веста за смртта на Новко Ѓорѓиевски. Тој беше поранешен селектор на женската младинска репрезентација на Македонија и тренер на неколку женски клубови, вклучително и клубот од нашиот град. РК Струга упатува искрено сочувство до семејството и пријателите. Почивај во мир, Новко!“, објави РК Струга.



