Ужас ја потресе Македонија: Маж обвинет за грабнување малолетничка – полицијата открила страшни детали

3032

Сериозен безбедносен инцидент ја вознемири јавноста во Прилеп, откако полицијата поднесе кривична пријава против 42-годишен жител на градот, осомничен за кривичното дело „грабнување“.

Случајот се случил на 19 ноември 2025 година во населбата Тризла, а според информациите од полицијата, настанот има елементи на тешко насилство.

Осомничениот ја пресретнал малолетната жртва на јавна површина, по што физички ја нападнал.

По нападот, со употреба на сила, ја внел девојката во своето патничко возило и се оддалечил од местото на настанот со голема брзина.

По спроведената истрага, полицијата го документирала случајот и до надлежното јавно обвинителство доставила кривична пријава против осомничениот, кој ќе одговара согласно закон.

Претходна вестДенес е важен празник – никако не правете ја оваа работа
Следна вестМарио постигна гол и го посвети на Ратко: Замина, но никогаш нема да бидеш заборавен