Голема трагедија, Македонија тагува: Загина 17-годишниот Доне Димов

9372

Профилот на администрацијата на училиштето Св. „Кирил и Методиј“ од Неготино ја сподели тажна вест.

Последен поздрав.

Со длабока тага и болка ја информираме училишната заедница дека трагично го загубивме нашиот ученик Доне Димов.

Последното збогување ќе се одржи утре 21.12.2025година:

-од 11:00 часот – во капелата во Неготино

-од 12:00 часот – погреб на гробиштата во Тимјаник

Во овие тешки моменти, изразуваме искрено сочувство до семејството, роднините, пријателите и сите кои го познаваа.

Ќе го паметиме по неговата младост, добрина и присуство меѓу нас.
Нека почива во мир.

Нашата редакција изразува сочувство до фамилијата, пријателите и другарите на Доне Димов. Нека почива во мир.

За настанот се огласија и од МВР:

– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино – соопштија од СВР Велес.

Претходна вестПознатиот астролог со убави вести за овие луѓе: до крајот на годината очекувајте голема добивка – можно и лото
Следна вестТажна вест: Почина актерот кој сите го сакаа