Македонската полиција на нозе: Исчезна 13-годишно девојче

1952

Полицијата на нозе: Исчезна 13-годишно девојче

Педесетгодишен жител на Велес ноќеска, околу 02:20 часот по полноќ, пријавил во СВР Велес дека од неговиот дом се оддалечила неговата 13-годишна ќерка А.Ј.Н.

Според пријавата, таткото изразил сомнеж дека девојчето се наоѓа во друштво на лице со иницијали Г.М. од Свети Николе, при што на полицијата ѝ дал и информации за можната локација на детето.

Од Секторот за внатрешни работи Велес информираат дека веднаш се преземени соодветни мерки и активности за пронаоѓање на малолетничката и за утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Претходна вестУХМР со детали: Доаѓа снег во Македонија – еве кога започнуваат врнежите
Следна вестПознатиот астролог со убави вести за овие луѓе: до крајот на годината очекувајте голема добивка – можно и лото