(ФОТО) Пратеник си ја отвори душата: Денес во Скопје добив три опомени од „Сејф сити“ – има порака до МВР

1248

Поранешен пратеник откри дека денес, камерите на „Сејф сити“ дури три пати го фатиле како ги прекршува праивлата. Како што додаде самиот тој, МВР мора да размисли дали тоа е во ред.

Станува збор за претседателот на ПОЕН, Рубин Земон, кој во минатото беше и пратеник во Собранието на Македонија. Еве што кажа тој за новите казни.

Господа од МВР време и вие малку да мислите на граѓаните. Направите “зелен бран” на Партизанска за да можи со брзина од 40 км/ час да се поминат барем 5-7 раскрсници, а не од едниот до другиот крај на Сити Мол да фаќаме “црвен бран”.

Денес ми дојдоа 3 опомени од Safe City, за возење со 51, 54 и 56 км/час. Ајде ова 56 и можеби е прекршок, ама 51 и 54!!!!

Ова 56 е поради стигање на “зелено”, а овие 51 и 54 воопшто и не знам! Ќе треба и брзинометрите да ги бажираме.

Слушам денес имало над 60 илјади прекршувања до 15 часот! Сигурно 2/3 се со под 55 км/час. Ќе биде “урнебес”!

Веста може да ја прочитате и со клик ОВДЕ.

Претходна вестНово апсење во Македонија: Што се случува? Уапсена уште една позната пејачка
Следна вестПоследен поздрав со возачот на „аудито на смртта“: На градските гробишта погребан Александар кој загина во страотн…