Невремето во Македонија прави проблеми: Хаос во еден град – поплавени се над 50 куќи, снимките се драматични

5164

Драматични сцени во делови од Македонија. Невремето и дождот направија сериозни проблеми и штети.

Вонредна информација од РЦУК Ресен Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште.

Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см. Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции.

Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти.

ЈП “Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.

Претходна вестДенес се слави Св. Aрхангел Михаил – празник посветен на војводата на сите ангели
Следна вестМногу пари и среќа во 2026 година за овие луѓе – еве што предвиде Баба Ванѓа