„Болката е голема, а сеќавањето за неговата човечка димензија ќе остане вечно. Почивај во мир“

30

Вчера, на 19 ноември 2025 година, во 16:05 часот почина Стефан Костовски, родниот брат на бизнисменот и поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски.

Тажната вест ја објави лично Трифун преку соопштение на социјалните мрежи, изразувајќи длабока болка по загубата.

Тој напиша: „Болката е голема, а сеќавањето за неговата човечка димензија ќе остане вечно. Почивај во мир, брате мој“, додавајќи запалена свеќа како симбол на почит и жал.

Веста предизвика бројни реакции и сочувства од јавноста, пријатели и поддржувачи, кои упатија зборови на поддршка до семејството Костовски во овие тешки моменти.

За погребот и комеморацијата засега нема објавено дополнителни информации.

Претходна вестТрамп успева во невозможното: Ги смирува Украина и Русија во план од 28 точки – прочитајте детално