Видео од концертот на Теа Таировиќ стана хит, посетителка со необичен танц го сврте вниманието од сцената.
Концертот на Теа Таировиќ, кој синоќа се одржа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, помина во преполна сала и висока еуфорија, но еден момент од публиката неочекувано стана главна тема на вечерта.
Во текот на настапот, вниманието од сцената се пренасочи кон дел од партерот, каде што една посетителка со исклучително енергичен танц го привлече интересот на присутните.
Нејзиното движење, како и моментот во кој ѝ се поднамести облеката, дополнително предизвикаа реакции и погледи од околните гледачи.
Сцената брзо се прошири на социјалните мрежи и за кратко време стана вирална, а посетителката – несакана „ѕвезда“ на вечерта.
На видеото се гледа и како девојката прави колут наназад, што дополнително го засили вниманието и коментарите.
Клипот и денес продолжува да кружи по онлајн платформите, придружен со бројни реакции од корисници кои се поделени меѓу забава, чудење и критика.
Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.



