За жал, не издржа: Полицаецот кој беше застрелан со 10 куршуми ноќеска им подлегнал на повредите

1543

Албанскиот полицаец Мучи Шалјани, викан Шеќери, кој беше тешко повреден во обидот за атентат во Ринас попладнето на 11 ноември, почина во Трауматската болница каде што беше интубиран.

Четириесетгодишникот штотуку се вратил од Барселона со својот пријател Гилмандо Дани кога биле застрелани со бран куршуми на кружниот тек во близина на аеродромот.

47-годишниот Гилмандо Дани, патник во возилото „Мерцесес“, починал на самото место како последица од повредите.

Во меѓувреме, полицаецот од АМП бил префрлен на Траума во критична состојба, откако бил застрелан со 10 куршуми, од кои два во главата.

Но, Мучи Шалјани алијас Шеќери не можел да преживее и починал во текот на ноќта

„По информациите доставени на 11.11.2025 година, во врска со инцидентот што се случи на кружниот тек Ринас, ве известуваме дека лицето М. Ш. (Ш.), кој беше повреден, го загуби животот во текот на ноќта“, информира албанската полицијата.

Претходна вестЗагина македонски државјанин во несреќа во Италија: Се огласија и службите – го открија неговиот идентитет
Следна вестМладиот полицаец Јован доживеа тешка несреќа и го загуби животот на лице место