Тешка сообраќајна несреќа во Македонија: Многу лица се повредени, а едниот од возачите бил малолетник

2862

Тешка сообраќајна несреќа во Македонија: Многу лица се повредени, а едниот од возачите бил малолетник

Лошата вест брзо се прошири и преку социјалните мрежи.

Вчера во 14:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Кондово кон с.Долно Свиларе, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(27) од с.Долно Свиларе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач и неговиот 14-годишен сопатник од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле 15-годишник од с.Кондово, 17-годишник од Скопје, сопатници од возилото „фолксваген голф“, како и 27-годишната А.М. и двегодишно девојче од с.Долно Свиларе, сопатнички од возилото „фолксваген пасат“, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестУжасна вест: Ненад ја убил сопругата со секира, па се јавил во полиција и мирно чекал да дојдат да го приведат
Следна вестЛоши вести за Македонците со бугарски пасоши