Се судрија автобус и автомобил – има загинати и повредени, глетката е страотна по големата трагедија која го потресе регионот

Тешки за гледање се сцените ова утро, за сите граѓани кои минуваат во овој дел од градот.

На Обреновачкиот пат, меѓу Умка и Обреновац во Србија, утрово се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот, а осум лица се повредени, од кои едно потешко, јавува РТС.

Во директен судар меѓу автобус и патничко возило загинал возачот на автомобилот.

Повредените лица биле со возила на Итната помош пренесени во Ургентниот центар во Белград.

Несреќата се случила околу 6 часот наутро, а во неа бил вклучен автобус од градскиот превоз.

Полицијата извршува увид на местото на настанот, а сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато, пренесува РТС.

Претходна вестВонредна вест во Македонија: Сообраќајна несреќа пред неколку моменти – се појавија првите снимки на социјалните мрежи
Следна вест(ФОТО) Водата носи се пред себе – во овој дел живеат и многу Македонци, вакви дождови не се паметат со години