Остатоци од човечко тело пронајдени во кавадаречко Сопот

1204

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.

-Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија од СВР – Велес.

Претходна вестОфицијални информации: Еве кога треба да ги добиете парите од МојДДВ