Официјални информации: Еве кога треба да ги добиете парите од МојДДВ

174

Средствата собрани преку апликацијата мој ДДВ за третиот квартал јули, август, септември 2025 согласно Законот ќе бидат исплатени најдоцна до 30-ти ноември 2025, односно 60 дена по завршувањето на кварталниот период.

Што треба да направите?

• Проверете ја апликацијата МојДДВ за да бидете сигурни дека сите скенирани сметки се евидентирани и прифатени.

• Проверете ги и ажурирајте ги вашите банкарски податоци во системот на УЈП, бидејќи најчестиот проблем со исплатата е погрешно внесена или неажурирана трансакциска сметка.

• Следете ги официјалните соопштенија од УЈП и апликацијата МојДДВ за најнови информации за исплатата.

Исплатата се врши по завршување на обработката на кварталните даночни пријави и се реализира континуирано, односно средствата легнуваат на сметките на граѓаните во текот на ноември, откако ќе бидат обработени сите податоци. Доколку имате уредни податоци, средствата ќе ги добиете навреме.

Ако имате проблем со исплатата (на пример, не сте добиле средства од претходни квартали), најверојатно се работи за неажурирана или погрешна трансакциска сметка, па проверете ги повторно податоците во апликацијата МојДДВ.

Граѓаните може во еден квартал може да добијат поврат на ДДВ и до 2.100 денари, тоа значи дека доколку едно четиричлено семејство скенира редовно може да направи поврат од 8.400 денари за еден квартален период.

За купување на македонски производи повратот е 20 отсто од ДДВ-то, додека за купување увезени производи тоа изнесува 10 отсто.

Претходна вестКОЈ КАКО НИВ: Овие пензионери ќе добијат новогодишен бонус
Следна вестОстатоци од човечко тело пронајдени во кавадаречко Сопот