Пожарот започнал на катот каде биле неподвижни лица

991

Нови детали од лице место…

Во страшен пожар што вечерва избувна во Домот за стари лица во Тузла, животот го загубија девет лица. Огнените пламени го зафатија седмиот кат од зградата, каде што биле сместени лица со ограничена подвижност, пренесуваат тамошните медиуми.

Неподвижните лица не успеале да се евакуираат

Според првичните информации, повеќето од жртвите починале од задушување со чад. Пожарот избувнал со голем интензитет и брзо се проширил во делот од објектот каде што престојувале најтешко подвижните станари.

Петмина повредени, двајца во тешка состојба

Од Универзитетскиот клинички центар во Тузла информираа дека пет лица се примени на лекување, а двајца се во критична состојба и се наоѓаат во интензивна нега.

Пожарот е под контрола, причината се истражува

Полицијата соопшти дека пожарот бил ставен под целосна контрола околу 22 часот. Причината за избувнувањето ќе биде утврдена по завршувањето на увидот.

Претходна вестВо Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија