Најмалку девет загинати во пожар во дом за пензионери, голема трагедија во БиХ

970

Трагедија вечерва ја потресе БиХ откако најмалку девет лица загинаа во катастрофален пораз во дом за пензионери во Тузла, пренесува „Аваз“.

Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврди дека сите расположиви екипи се испратени на местото на настанот.

Пожарникарите сè уште го гаснат пожарот.

Околу 22 часот, тој бил пријавен, потврди Полициската управа на МУП на Тузланскиот кантон.

Според последните информации, најмалку пет лица се однесени во болница, а постојано пристигнуваат возила на итна помош.

Причината за пожарот е непозната, а министерството за внатрешни рабои ги предупреди граѓаните да не се приближуваат до зградата, и да дозволат поминување на спасувачките екипи.

Во текот на вечерта се очекуваат и повеќе детали

Претходна вестРодено 16 недели предвреме – девојче родено со само 300 грама одржано живо од германски лекари
Следна вестМицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија