Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

25

Досегашниот директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Брвеница, Хаќим Рамадани, кој вчера ги изгуби изборите од кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски, на својот Фејсбук профил објави дека од денеска е невработен и бара работа во приватни компании.

„Од денеска сум невработен. Дипломиран економист сум. Барам работа само во приватни компании“, напиша Рамадани.

Претходно премиерот Мицкоски најави дека Рамадани ќе биде разрешен од позицијата директор на Инспекторатот за локална самоуправа.

Претходна вестСилјановска-Давкова предложи да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат на две години
Следна вестНиколовска, Стојановски и Андонов се кандидати за пратеници на местото на Стаменковска, Мицевски и Проданоски