Најголема излезност во тетовскиот регион во општина Брвеница

111

Во вториот круг од локалните избори за градоначалници во тетовскиот регион се гласа во општините Брвеница, Боговиње и Тетово.

До 15 часот во Општина Брвеница, од 16.150 граѓани гласале 6.592 граѓани или 40,83 проценти од вкупниот број избирачи. Во Општина Тетово излезноста е 31,03 проценти или гласале 27.243 гласачи од 87.878. Најмала излезност има во општина Боговиње каде до 15 часот од вкупно 29.088 граѓани со право на глас, гласале 26,49 проценти или 7.699 граѓани.

Претходна вестФилипче: Масовно излезете во недела, да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура
Следна вестТешко повреден велосипедист на Водно