30-годишен државјанин на Србија се обидел да пренесе околу 130 килограми марихуана во Македонија

35

Основното јавно обвинителство Куманово отвори истрага против 30-годишен државјанин на Србија, кој бил приведен на граничниот премин „Табановце“ при обид да внесе околу 130 килограми марихуана на територијата на Македонија.

Дрогата била откриена при детален преглед на товарно возило со српски регистерски таблички, а марихуаната била скриена во специјално подготвени прегради, со цел да се избегне полициска контрола.

Осомничениот е приведен, а наркотиците се запленети. Обвинителството побара мерка притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.

Од ОЈО најавија дека ќе се спроведат дополнителни вештачења и активности за утврдување на можна поврзаност со организирани криминални групи.

Претходна вестСДСМ не дава никаква поддршка за Сотир Лукровски, ќе се побара одговор од Мојсова за фотографијата
Следна вестФилипче: Масовно излезете во недела, да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура