Вработена во велешката болница била заклучена, малтретирана и испрскана во очи со средство за чистење

213

Велешанка преживеала хорор на работното место во здравствена установа. Била заклучена во една просторија, а напаѓачот физички ја нападнал и со средство за чистење ја прскал во очи.

Полицијата го уапси.

– На 27.10.2025 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.П.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 55-годишна велешанка дека на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал, ѝ се заканил со остар предмет и со средство за чистење ја испрскал во очите, известија од МВР.

Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат оттаму.

Претходна вестКривични пријави за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје против в.д. директорот на ЈП „Комунална хигена“ и уште едно раководно лице
Следна вестБраво е малку за одлуката: Во Валандово за секое новороденче наместо 5.000, ќе се земаат 30.000 денари – најави Перо Костадинов