Костадинов со џентлменски одговор: Намешто како вас, со говор на омраза и манипулации – одговорете на овие прашања

33

Актуелниот градоначалник на Валандово, Перо Костадинов со џенталенски одговор, откако неговите противници со омраза и манипулации се обидуваат да ги доведат гласачите во заблуда.

Овие денови, прочитав неколку текстови, полни со говор на омраза и манипулации, кон мене и кон локалната самоуправа. По однос, на истите, ќе поставам само неколку прашања:

1. Дали кога ви требаа документи од мене и од општината, за да станете директор, општината беше затворена со катанци за вас или беше ширум отворена. Само, замислете и размислете, што ќе беше ако навистина беше со катанци!?

2. Дали додека поддржавте отворање на рудник, помисливте на земјоделците, на чистата и здрава вода, на младите и на бизнис секторот? Како сега наеднаш, баш на нив мислите?

3. Излеговте ли на референдумот против рудници во Валандово?

4. Дали додека бевте Претседател на Совет, седниците се пренесуваа во живо?

5. Бидејќи сакате сите да не зафати колективна амнезија, дај потсетете не, на некои од вашите дела за градот и за општината, претходно?

6. Дали заборавивте дека додека бевте пратеник, во Собранието се гласаше против водоводни системи низ Валандово?

7. Каква беше транспарентноста на локалната самоуправа пред 8 години?

За дел од небулозите, а посебно за мојата родна куќа, што ја споменавте во Удово, засега нема да одговорам.

И не заборавајте, нема омраза која може да ја победи добронамерноста во нас. Во тоа е нашата сила.

Функциите не го прават човекот, туку обратно. Сите функции, еден ден ќе поминат. На крајот, остануваме само ние, луѓето!

Се гледаме.

Претходна вестТоме Христоски: Остануваат уште само неколку дена до денот кога сите заедно ќе ја покажеме љубовта кон нашето Крушево, денот на големата победа