Драги мои Крушевчани,
Остануваат уште само неколку дена до денот кога сите заедно ќе ја покажеме љубовта кон нашето Крушево — денот на големата победа!
Тоа е денот кога ќе одлучиме дали ќе продолжиме по патот на развојот, искрената работа и сонот што го градиме – чекор по чекор, заедно.
Во изминативе години со срце и душа му служев на секој наш сограѓанин. Заедно создадовме подобро Крушево – место каде што вреди да се живее, каде што има иднина за нашите деца и спокој за нашите семејства. Сето тоа беше можно само благодарение на вашата доверба и поддршка.
Сега сме пред нов почеток. Ве повикувам повторно да бидеме обединети – да покажеме дека Крушево знае да ја препознае чесноста, трудот и искрената намера.
Вашата поддршка е мојата најголема сила. Да продолжиме заедно – за наше, убаво, модерно и живо Крушево! Се бориме за секој дом, за секое населено место, за нашето Крушево!



