Бура и невреме: Џиновски циклон ја зафати Македонија – еве каде е најопасно

2618

Бура и невреме: Џеновски циклон ја зафати Македонија. Вакво нешто долго време не се памети.

Циклон надвисна над територијата на Македонија – западните и северозападните делови на земјава се најпогодени, а на Попова Шапка веќе има наврнато над 45л на м².

До крајот на денот нé очекуваат поројни дождови и грмежи, но планините сепак ќе останат без снег, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Под влијание на овој влажен бран ќе останеме и во наредните денови – неделата ќе ни започне со облачно време и обилни дождови, а температурите веќе значително ќе се спуштаат, на некои места во државава и под нулата.

Од Центарот за управување со кризи велат дека се уште немаат издадено предупредувања за граѓаните да не се движат во близина на речни корита, во близина на дрвја или пак да не ги оставаат своите автомобили под дрвjaта.

Сепак, оттаму велат дека се во координација со УХМР и при зголемена опасност од овој циклон за граѓаните, навремено ќе ги известат да бидат внимателни.

Претходна вестМалолетник избодел 24-годишно момче во Струга
Следна вестПосле 7 месеци од кобниот 16-ти март, пронајдена дамата херој од кочанската болница