Срцето ќе ви го скрши оваа снимка: Пијаниот Никола ноќеска помина на црвено и однесе во смрт татко, мајка и 9-годишно дете

754

Во хорор сообраќајната несреќа што ноќеска се случи во Нов Белград, како што јавуваат српските медиуми загинало цело семејство: мајка (32), татко (36) и десетгодишно дете.

Две лица се повредени и се пренесени во Ургентниот центар.

Несреќата се случила кога Никола Ѓ. (24), кој бил во алкохолизирана состојба со 1,17 промили во крвта , поминал на црвено светло и удрил во Хјундаито во кое се возеле Б. Ж. со семејството.

Б.Ж. е сообраќаен полицаец кој во тоа време не бил на должност.

Никола Ѓ, државјанин на Босна и Херцеговина, е приведен до 48 часа по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград .

Тој се здобил со полесни повреди во судирот што го предизвикал.

Моментот на судирот можете да го видите на видеото, но ве предупредуваме дека сцената содржи вознемирувачка содржина.

Претходна вестВозел со 1,17 промил алкохол во крвта, поминал на црвено – во сообраќајна несреќа усмрти татко, мајка и дете: Трагедија каква не се памети го потресе регионот и Белград
Следна вестФилипче: Одлуката за поддршка во вториот круг ќе биде донесена следните денови, разговорите се во тек