Македонија се разбуди во тага: Тажна вест – почина Дарко Голубовски, познат како Кнеле

1244

Според информации објавени од Hype TV MK, на 43-годишна возраст почина Дарко Голубовски, познат во јавноста како Кнеле.

Голубовски беше препознатлива и контроверзна фигура во македонската јавност — познат по својата поврзаност со Раде Трајковски – Штекли.

Во февруари 2025 година, тој беше уапсен со 4,5 килограми кокаин, како дел од групата на Штекли.

Покрај тоа, Кнеле беше и јавна личност со сериозна здравствена борба — пред неколку години му беше пресадено вештачко срце.

Во јавноста беше препознатлив и по своето појавување во спотот за песната „Алал вера“ на Слаткаристика, како и како гостин во подкастот на Стефан Лазаров, каде што искрено зборуваше за својот живот и пријателствата со познати личности.

Нашата редакција изразува сочувство до фамилијата и пријателите на Кнеле.

Нека почива во мир!

Претходна вестЗадолжителната воена служба повеќе не е желба – Хрватска донесе одлука, секој ќе мора да се пријави
Следна вестМинистерството за здравство со итни мерки поради зголемениот ризик за здравјето на луѓето од отпадот во Скопје