Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

208

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски.

Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвенам напиша кусо Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК на својот профил повтори дека Скопје се отвора фабрика за вештачка интелигенција, дека земјава се вклучува во Единствената платежна зона на Европа, како и дека Северна Македонија од ЕУ добива 16 милиони евра, благодарение на направените реформи.

Во меѓувреме, ја приближуваме вашата земја до нас. За тоа се работи во Планот за раст! Отвораме антена за фабрика за вештачка интелигенција во Скопје. Ве вклучуваме во Единствената платежна зона на Европа. И исплаќаме 16 милиони евра благодарение на реформите што ги направивте, наведе вели Фон дер Лајен на „Х“.

Претходна вестАцевски: Нудиме хумано живеење, Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче.
Следна вестФилипче од Маврово и Ростуше: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра