Се запали автобус во Индија, загинаа најмалку 19 лица

120

Најмалку 19 лица загинаа попладнево во западната индиска држава Раџастан кога автобус се запали, објавија индиските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Според NDTV, автобусот превезувал 57 патници на рутата помеѓу Џајсалмер и Џодпур кога од задниот дел на возилото почнал да излегува чад, пренесува Ројтерс.

Возачот го запрел автобусот покрај патот, но пожарот се проширил на целото возило за неколку минути.

Покрај 19-те смртни случаи, уште 15 патници, меѓу кои и две деца, претрпеле тешки изгореници, при што некои имале изгореници до 70 проценти од телото.

Претходна вестВардар 1961 покажа сила, сигурна победа против Севесте за старт на европската сезона
Следна вестКаранфиловa-Пановска од Дебар: На 19 октомври да се обединиме за Македонија да го фати вистинскиот правец