Хамас со предупредување до Израел: Веднаш повлечете се

44

Бригадите Ал-Касам, военото крило на палестинската милитантна група Хамас, синоќа упатија итно предупредување до израелското раководство во врска со воената операција во Газа и „опасноста што таа ја претставува за затворениците што се држат во градот“.

„Како што ве предупредија и претходно, колку повеќе го проширувате опсегот на вашите криминални операции во градот Газа, толку е поголема опасноста за вашите затвореници. Повлечете се веднаш“, се вели во краткото соопштение објавено на официјалниот профил на групата на Телеграм.

Хамас постојано предупредува дека израелските воени лидери би можеле да го спроведат својот план за окупирање на градот Газа, нагласувајќи дека тоа би значело „не само смрт на притворените, туку и дека нивната судбина би била слична на онаа на Рон Арад“, израелскиот пилот кој исчезна во 1986 година за време на мисија над Либан и чија судбина никогаш не е официјално разјаснета.

Претходна вестПелистер добро започна, но не успеа да дојде до втора победа во ЛШ
Следна вестВенко Филипче го промовираше кандидатот за градоначалник на Аеродром