Времето денес сончево и топло

28

Ведро и посвежо утро, а преку ден сончево и топло со температури од 23 до 30 степени. Ова е прогнозата времето во текот на денешниот ден на синоптичарите на Уравата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура, пак, ќе се спушти до 4 степени.

И во Скопје ќе биде сончево, со повремено засилен ветер од северен правец.

И следните денови се очекува времето да биде сончево и топло, со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.

Претходна вестПожар во скопско Морани
Следна вестДенеска без струја делови од Бутел и Кисела Вода