Доаѓа ладен бран во Македонија – температурите ќе се спуштат до околу 0 степени

36

Под влијание на значително поладен воздух од север, во понеделник (15 септември) во нашата Република Македонија ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Времето ќе биде стабилно, суво и со сончеви периоди. И во Скопје и околината во понеделник (15 септември) ќе дува засилен ветер од северен правец, повремено ветерот ќе биде и силен и во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите во понеделник (15 септември) тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 28 степени.

Особено свежо па дури и ладно утро ќе имаме во вторник (16 септември) кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени, а во Скопје и околината во вторник наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени.

Поради продорот на ладен воздух од север, особено во вторник наутро и тоа како ќе ни биде потребна топлата облека.

Претходна вестУжас ја потресе Македонија: Пиеле заедно, се дружеле – потоа го претапале, тој починал од повредите
Следна вестПаричниците ќе им крцкаат со паричиња – Неверојатен успех и луда среќа за овие хороскопски знаци