Ужас ја потресе Македонија: Пиеле заедно, се дружеле – потоа го претапале, тој починал од повредите

1297

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против две лица, на возраст од 44 и 46 години, поради основано сомнение дека сториле кривично дело – тешка телесна повреда, по член 131 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 10 септември во вечерните часови, во паркот „Жена-борец“ во Скопје.

Според Обвинителството, осомничените заедно со оштетениот пиеле алкохол, по што започнала вербална расправија која преминала во физичка пресметка.

„Двајцата осомничени со удари со тупаници и клоци по главата и телото му нанеле повеќе повреди на оштетениот.

Како резултат на тие повреди, оштетениот два дена подоцна починал во болница,“ соопштија од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Претходна вестУтре ДВА протести за чист воздух: Во 7:30 и 18 часот
Следна вестДоаѓа ладен бран во Македонија – температурите ќе се спуштат до околу 0 степени